Во паркот во општина Ѓорче Петров, денес ќе има промоција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска.
Промоцијата ќе почне во 18:30 часот.
ВМРО-ДПМНЕ како партија донесе одлука да ја поддржи кандидатурата на Арсовска.
-ВМРО-ДПМНЕ застанува цврсто зад независната кандидатура на Данела Арсовска за град Скопје и цениме дека имаме една личност која може многу да понуди. И уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е реформирана партија, партија која покрај огромниот потенцијал што го поседува умее да препознае квалитет и надвор од партиските структури и како партиска структура да застанеме целоно зад тој квалитет. Оваа пракса ја започнавме на претседателските избори кога имавме исклучителен кандидат, тоа е професорката Силјановска, така сега застануваме позади кандидатурата на Данела Арсовска, идниот градоначалник на град Скопје, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во Вестите на телевизија Сител.