
Жители на општина Ѓорче Петров денеска излегоа на протест поради најавата за изградба на 17 катница во месноста Јурија.
Улицата Ѓорчепетровска ќе биде блокирана за сообраќај.
-Се обидовме на сите можни начини да допреме до надлежните, но за жал не наидовме на слух и овој начин ни остана последен. Ние, граѓаните од Иницијативата против урбаното дивеење ги повикуваме сите граѓани, невладини и владини организации и сите оние кои ги тангира овој проблем да ни се приклучат, се вели во повикот за протест.
Според жителите, во Јурија се планира бетонски ѕид од 58 метри кој ќе содржи 800 станови и во кој ќе се вселат над 3.000 жители.
https://www.youtube.com/watch?v=WStuErD-3AU&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3WoUL-lzEWVvqudWj2vdYj4jnKo079oVGYxATzevUglZdjF8i2GoaixQc