
Имавме тежок ден, вака започна изјавата на Командирот на противпожарната бригада во Скопје кој истакна дека во текот на денешниот ден имале преку 20 интервенци.
Во моментов голем број противпожарни сили се стационирани во кругот на фабриката Охис за кој постојат неофицијални сомнежи дека намерно бил подметнат.
Од она што го изјави командирот на противпожарната бригада кога пристигнале во фабриката пожар горел на неколку независни локации кои не биле меѓусебе поврзани што пак раѓа сомнеж дека истиот е намерно подметнат.
Ова би значело дека за потпалувачот треба да има драконска казна и истото може да се смета за терористички напад имајќи во предвид дека во фабриката и ден денес се складирани опасни хемикалии кои можат да предизвикаат силна експлозија или пак да го затрујат цело Скопје.
Командирот напомена дека има хоспитализирано еден пожарникар кој вдишал поголемо количество на чад, не знаејќи детали за неговата здравствена состојба.