![parada Moskva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/05/parada-Moskva.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Светот денес го одбележува Денот на победа над фашизмот во Втората Светска војна – 9 Мај.
Во Москва се одржува традиционалната воена парада, која инаку е најголемата воена смотра во светот по повод овој ден.
Според податоците од руското Министерствот за одбрана, на парадата учествуваат над 12.000 војници, 191 единица воена копнена опрема, како и 76 хеликоптери и авиони. Музичката поддршка е обезбедена од оркестарот на Министерството за одбрана.