ВО ЖИВО| Свечена церемонија за крунисувањето на британскиот крал

Официјалната церемонија на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети започне во 10.20 часот по локално време (11.20 часот по средноевропско време) со поворка од Бакингемската палата преку плоштадот Трафалгар и покрај Парламентот до Вестминстерската опатија.

Маршрутата се вика „кралска поворка“.

Бројни гости, државници, претставници од кралски семејства, луѓе од шоу бизнисот, пристигнуваат во палатата. Нема да присуствуваат само светските лидери од Русија, Белорусија, Северна Кореја, Никарагва…

Внатре во палатата, Чарлс ќе седне на столот на Едвард и ќе го држи владетелскиот жезол, кој што претставува контрола над британската нација. Тој ќе има и владетелска топка. За време на крунисувањето, Чарлс ќе биде прашан дали ќе управува со Велика Британија и со другите нации на Комонвелтот со почитување на законот и правдата и дали ќе го задржи христијанството во нацијата.