Ракометарите на Вардар слета на аеродромот „Александар Велики“. Европските шампиони таму ги чекаат илјадници граѓани, а Градот Скопје организираше и нивни пречек на плоштадот „Македонија“.
Од скопскиот аеродорм, ракометарите ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев и кон зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму шампионите на РК „Вардар“ ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.