![А10 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/A10-01.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Најмалку единаесет луѓе, меѓу кои и едно дете загинаа, а пет луѓе се извлечени со многу тешки повреди, од под урнатините на вијадуктот Моранди во Џенова.
Спасувачите под урнатините наишле на згмечени возила со мртви во нив. Се проценува дека во моментот на уривањето на стотина високиот надвозник на тоа место имало повеќе десесетици возила, а некои камиони завршиле во реката Полвечера.
Се стравува дека бројот на загинатите ќе биде поголем и ќе изнесува со десетици. Во тек е и евакуација на блиските живеалишта.
Вијадуктот Моранди се урнал околу 11.30 часот по локално време, во време на силните дождови. Според очевидиц, автомобилите и другите возила паѓале од 70 метри височина, а се претпоставува дека под тешките блокови на конструкцијата се згмечени дваесетина возила.
Италијанските телевизии емитуваат фотографии од урнатиот мост висок околу стотина метри, кој е изграден во текот на 1960-те во рамките на автопатот А10.
Вијадуктот е обновен во 2016 година и минува над трговски центри, фабрики, станбени згради, железничката пруга Џенова – Милано и реката Плцевера.
Очевидец за телевизијата Sky изјви дека видел „осум или девет“ возила на вијадуктот кога тој се урнал во „апокалиптична сцена“. Министерот за сообрачај Данило Тонинели напиша на Twiiter дека го следи развојот на настаните за кои се чини дека претставуваат „неизмерна трагедија“.
https://www.youtube.com/watch?v=zK-3dsIh3xM