Во знак на протест за притворот на Владо Јовановски одложена претставата „Ничија земја“

Пред полна сала актерите на МНТ вечерва ја одложија претставата „Ничија земја“.

Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, претставата нема да се одигра.

По ова публиката беше замолена да ја напушти салата.

Јовановски доби притвор во рамките на акцијата за настаните на 27 април во Собранието.