Водачот на исламистите што го соборија Асад стана привремен претседател на Сирија

Поранешниот неофицијален лидер на сунитските исламистички бунтовници во Сирија, Ахмед ал-Шара, беше прогласен за шеф на државата во преодната фаза на власта во средата, со овластување да формира нов законодавен совет, се вели во соопштението од вооружените групи кои го соборија секуларниот претседател Башар ал-Асад минатиот месец.

Уставот на Сирија, исто така, е укинат и постојниот парламент е распуштен, се вели во соопштението на портпаролот на командата за воени операции, која ја надгледуваше молскавична офанзива што ја собори владата на деценискиот претседател Башар ал-Асад на 8. декември.

Откако ја командуваше офанзивата поддржана од турските сили кои се на сириска теиторија по повеќе од 13 години граѓанска војна, Шара – поранешен американски исламистички затворени и сојузник на ултрарадикалната џихадистичка групација Исламска држава и попознат како Абу Мохамед ал-Џолани, беше дефакто лидер на земјата.

Најавите, пренесени од државните медиуми, дојдоа за време на состанокот во Дамаск на вооружените фракции кои се борат заедно со групата Хајат Тахрир ал-Шам (HTS), поранешна Џебхат ан-Нусра односно сириското крило на Ал Каеда, која беше предводена во војната од Шара.

На состанокот присуствувале и министрите од привремената влада на HTS назначени во декември. Новиот законодавен совет ќе ги извршува своите должности додека не биде усвоен новиот устав, објавија државните медиуми.

Шара, откако неговата група беше симната од листатат терористички организации а САД ја повлекоа наградата од 10 милиони долари за негово апсење, вети дека ќе започне политичка транзиција, вклучувајќи национална конференција, инклузивна влада, а потоа избори на чиешто распишување би можело да се чека и до четири години.