Водачот на пучот во Габон положи заклетва за привремен пратседател

Водачот на државниот удар со кој од власт беше соборен деценискиот габонски претседател Али Бонго, ја даде во понеделникот свечената обврска како привремен претседател на земјата пред судиите на Уставниот суд на церемонија којашто ја пренесуваше телевизијата, што треба да ја зацврсти власта на воена хунта

Во осмиот државен преврат кој последните три години е изведен во земјите во западна и централна Африка, воените офицери под водство на генералот Брис Олигуи Нгуеме на 30-ти август ја преземаа власта, само неколку минути откако Бонго објави дека го осигурил третиот мандат на изборите. Но хунтата ги поништи изборните резулатите со објаснување дека не се веродостојни.

Нгуеми при доаѓањето на церемонијата беше пречекан со овации од офицерите и високите државни функционери. Истото се случи и по полагањето на свечената обврска, покажуваат снимките од церемонијата.

Во програмата на државната телевизија можеше да се види одушевена маса луѓе кои го поздравуваат новиот водач, додека свечениот момент беше одбележан и со тенковска салва во насока на морето.

Државниот преврат, со кој е ставен крај на 56-годишното владеење на семејството Бонго во Габон, земја која е позната по производство на нафта, поттикна голем број жители да излезата на улиците на главниот град Либревил и да го поздрават новиот водач.

Од друга страна, западниот дел од меѓународната заедница го осуди и нивните сојузници во регионот. Челниците на централноафриканскиот регионален блок ECCAS во понеделникот подоцна треба да се сретнат и да разговараат за соборувањето на досегашниот претседател на Габон Минатата седмица ги повикаа своите партнери и Обединатите нации и Африканската унија да поддржат што поскоро враќање на уставниот поредок. Хунтата сѐ уште не ги објави своите политички намери и до кога ќе биде суспендиран сегашниот устав на Габон.