Водачот на „Шверцерите“ кои го демолираа „МНТ“ му е советник на вицепремиерот Груби

Водачот на навивачката група „Шверцери“ која на македонската јавност ѝ стана добро позната по демолирањето на „МНТ“, работи како советник за млади и спорт во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби.

Омер Буњаку од 13-ти ноември работи како советник за млади и спорт во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, иако има прилично дебело полициско досие и проблеми со законот, пренесува „Призма“.

Буњаку учествувал во тепачките на скопско Кале во 2011-та година, а неговото име беше меѓу осудените за овие инциденти. Во 2014-та година Кривичниот суд го осудил Буњаку на затворска казна од една година поради учество во барот „Њу Орлеанс“ во скопската чаршија, кога беше демолиран локалот затоа што се пуштала македонска музика.

Буњаку е директор на фудалскиот клуб „Шкупи“ и еден од водачите на навивачката група „Шверцери“ која го демолираше Македонскиот народен театар за време на прославата на јубилејот 30-години од формирањето на групата.

Во неговата биографија која „БИРН“ ја доби од Владата, пишува дека дипломирал туризам и менаџмент, а зборува македонски, албански, турски и англиски јазик.