Водачот на пакистанските талибани Мила Фејзула убиен е во американско-авганистански воздушен напад во Авганистан, потврди во петокот висок функционер на авганистанското министерство за одбрана.
Американската војска потврдила дека извршила воздушен удар врз висок водач на милитанта групација во источната авганистанска покраина Кунар, на границата со Пакистан, и оти верува оти станува збор за Мула Фејзула.
Фејзула беше еден од најбараните милитнати, озлогласен по бројните напади, вклучително и масакрот во училиште под покровителство на пакистанската армија во 2014 година кога беа убиени 132 деца, и нападот во 2012 година врз ученичката Малала Јусуфзаи на којашто потоа во 2014 година ѝ беа доделени европската награда за човекови права и Нобеловата награда за мир.
„Потврдувам дена Мула Фејзула, водачот на пакистанските талибани“, убиен е во заедничка воздушна операција во пограничниот округ Маравер, во покраината Куна“, изјавил портпаролот на авганистанското министерство за одбрана Мохамад Радманиш.
Медиумите, пак, јавуваат дека Фејзула е убиен во американски напад со беспилотно летало. САД во март годинава понудија награда од пет милиони долари за Фејзула.