![bi-zentrale-tag-en](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/bi-zentrale-tag-en.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Водафон се согласил да ги купи акциите на Либери Глобал, кабелска компанија од САД, во Германија и Источна Европа за 21,8 милијарди долари и така започна да ги шири своите услуги на супербрза кабелска телевизија, широкопојасен интернет и мобилни услуги, објави Ројтерс.
Со овој потег, вториот по големина мобилен оператор во светот се закани на доминацијата и монополот на компаниите каква што е Дојче Телеком, од каде веќе изјавиле дека се противат на договорот и оти очекуваат дека Водафон ќе мора да помине преку регулаторни проценки и анализи во Брисел.
Со овој договор Водафон на големо се враќа на европскиот пазар, каде се стреми да биде еден од само неколкуте компании кои имаат способност да обезбеди широк спектар на забавни и комуникациски услуги.
Водафон во Европа започна како предизвикувач во мобилните услуги на сите пазари, а со текот на времето го изградивме нашето присуство во фиксните телекомуникациски услуги. Сега, со оваа трансакција, стануваме најголем понудувач на конвергирани мобилни и фиксни услуги- рече Виторио Колао, извршен директор на Водафон.
Од друга страна,Дојче Телеком , најголемата телекомуникациска компанија во Европа, тврди дека овој договор ќе го наруши пазарниот натпревар во Германија. Според нивниот извршен директор, Тим Хотгс, оваа аквизиција ќе создаде “гигант што ќе се однесува арогантно со својата конвергентна технологија”.
Во јавното препукување меѓу двете компании, Колао изјави дека Хотгс сака да ја задржи својата доминација како единствена компанија од национален обем, „но дека за него стигнуваат лоши вести, од сега тука ќе биде и вториот национален играч“. Директорот на Либерти Глобал, пак, надодава дека дури и по аквизицијата Водафон и Либерти ќе бидат само половина големи во однос на Дојче Телеком.
Некои аналитичари шпекулираат дека овие две компании би можеле да потпишат сличен договор и во Велика Британија, но, сепак, Колао ја негира таа опција.