Дека пиењето вода е здраво на сите ни е одамна познато. Водата е извор на живот и е неопходна за сите функции во организмот. Без неа не може да се замисли крвотокот, функционирањето на мозокот, цревата, мускулите, нервниот систем, функционирањето на бубрезите, правилниот раст на зглобовите и коските… Јасно е дека без вода нема живот.
Водата не само што ја гаси жедта, туку делува и лековито, го чисти организмот и ја елиминира негативната енергија. Често туширањето, а особено пливањето ги отстранува последиците од стресот, ги опушта мускулите и нервите и не ослободува од негативна енергија.
Јапонската традиционална медицина препорачува водата да се пие веднаш по будење и тоа со лековита цел. Научните испитувања докажале дека има има ефект во овие навики. Јапонското лекување со вода дава добри резултати во лекувањето на голем број болести.
Се применува при лекувањето на менингит, дијабетес, гастритис, главоболка, астма, бронхитис, епилепсија, болки во телото, маснотии во крвта, срцеви проблеми, заболувања кај бубрезите и мочните патишта, дијареја, хемороиди, болести на очите, ушите, матката, менструални пореметувања, па дури и кај канцерот.
Како да се лекувате со вода
Според јапонската метода, лекувањето со вода треба да се спроведе на следниот начин. Наутро, пред миење на забите треба да се испијат четири часи по 160 милилитри вода. По тоа 45 минути не треба ништо ниту да се јаде, ниту да се пие. Подоцна нормално појадувајте, а по појадокот два часа не јадете ништо.
Овој вид лекување нема негативни ефекти и е добро да се практикува во текот на целиот живот со цел да се зачува доброто здравје и кондиција.
При тоа и никогаш не треба да се пие водата ладна, туку топла.
Ладната вода ги таложи маснотиите внесени со храната и така доаѓа до забавено варење, оштетување на цревата и појава на гојазност.
Должина на третман со вода за одредени болести
1.Висок крвен притисок (30 дена)
2.Дијабетес (30 дена)
3.Гастритис (10 дена)
4.Туберколоза (90 дена)
5.Рак (180 дена)
6.Лицата кои боледуваат од артритис, оваа терапија можат да ја спроведуваат само три дена во првата недела, а потоа секојдневно.
Јапонците се најдолговечната нација на светот. Во 2008. година биле регистрирани 33 илјади Јапонци постари од 100 години.