Водата во Дојранско езеро безбедна за капење

Водата во Дојранското езеро е безбедна за капачите, покажаа последните анализи направени во Центарот за јавно здравство.

Мострите земени од пет мерни места покажаа дека водата е од прва и втора категорија, а само на некои места од трета категорија и дека нејзинот квалитет според важечките стандарди е многу подобрен.

Мострите за анализа на водата се земени деновиве, пред почетокот на летната сезона, но од здравствениот инспекторат уверуваат дека водата ќе се контролира во текот на целата сезона.