
Водата од изворите Мареза, од каде што се снабдува поголемиот дел од Подгорица, и понатаму не е за пиење, соопштуваат денеска од подгоричкиот водовод.
Како што се наведува, во водите на Мареза регистрирана е поголема матност, поради што апелираат до потрошувачите, кои се напојуваат од тој извор, пред употреба таа да се проврие.