Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2020 до 04.09.2020 зема 182 примероци за физичко-хемиска и 182 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Град Скопје, информира ЈП Водовод и канализација.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – велат од Водовод.