Водата во Струмица повторно е безбедна за пиење, забраната укината

Струмица повторно има чиста и безбедна  вода за пиење. Општината го доби решението од АХВ со кое се поништува забраната за користење на водата .Ова денеска и официјално го соопшти градоначалникот Костадин Костадинов кој ги повика сите надлежни институции на заедничка маса и разговор  за состојбата на водата во  брана Турија. За него овие разговори биле важни  за  превенција на  слични проблеми во иднина.

На прашањето дали останува на ставот за напуштање на ЗЕЛС, Костадинов со одговор дека Струмица останува во заедницата,  но условено. Објасни дека намерата не била  да се излезе заради лични интереси, туку да се вклучи алармот  Владата и одредени министри да пристапуваат посериозно кон проблемите со кои се соочуваат не само Струмица, туку и други општини.

Забраната на водата за пиење во Струмица стапи на сила на крајот од претходниот месец поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет и зголемената количина на манган неколку пати повеќе од дозволеното.