Водечките фудбалски клубови на европскиот континент поради пандемијата на коронавирусот ќе загубат повеќе од осум милијарди евра, се наведува во извештајот на Европската фудбалска асоцијација УЕФА.
Извештајот покажува дека четири милијарди евра се загубени поради непродадените влезници, 2,7 милијари евра од спонзорските договори и 1,4 милијарди евра од проходите од тв-преносите.
Големите загуби се одразиле и на зимскиот преоден рок, кога потрошувачката во јануари паднала за 56 отсто во однос на претходната година. Летниот преоден рок забележал пад од 39 отсто во однос на една година порано.
УЕФА наведува дека е неопходно реформирање на правилата за финансискиот фер-плеј и дека таксите и заработките од трансферите мора да се сведат на прифатливо ниво.
Во извештајот на европската куќа на фудбалот, исто така, се споменува и неостварениот проект „Суперлига“, која според нив би имала „погубно влијание врз европскиот фудбал од спортска, емоционална и финансиска перспектива“.
„Одметнатата лига не може да биде одговор на пандемијата“, се додава во извештајот.
„Враќањетпо на финансиската стабилност и растот бараат процес на финансиска дисциплина, внимателно управување и долгорочно планирање. Само со почитувањето на пирамидата и принципите на промоција и испаѓање од спортстките заслуги европскиот фудбал може да продолжи да расте“, стои уште во извештајот на УЕФА.