Водостојот на Охридското Езеро повисок за еден сантиметар

Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, но и натаму е под просекот за јуни, додека на Преспанското и Дојранското Езеро нивоата се непроменети, но се, исто така, под месечниот просек.

Според најновите хидролошки мерења на УХМР, водостоите на речиси сите реки се намалени во однос на вчерашниот ден. Исто е само нивото на Брегалница.