
Водостоите на реките се под просекот за декември, освен на реките Вардар кај Велес и Црн Дрим кај Ложани.
Неделната хидролошка состојба покажува дека под нивото се водостоите на Вардар на сите останати мерни станици, како и на реките Треска, Пчиња, Брегалница, Струмица, Сатеска, Крива Река и Радика. Скоро двојно намалено е нивото на Црна Река.
Кај езерата над просекот за декември е само нивото на Дојранското Езеро, додека околу декемврискиот просек се нивоата на Охридското и Преспанското Езеро.