„Водовод и канализација“ – Скопје нема да ги чита водомерите кои се наоѓаат во објектите и нема да исклучува

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, согласно новонастанатата ситуација со коронавирусот во земјава, како и повикот на Регулаторната комисија за енергетика во овој период, се додека важат препораките и забраните на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширење на корона вирусот, нема да ги исклучува корисниците на услугите на претпријатието кои имаат неплатени долгови.

Како што соопштија од претпријатието, во овој период, инкасаторите за читање на состојбата на водомерите, нема да влегуваат во објектите во кои водомерите се поставени внатре.

Претпријатието ги повикува корисниците за секоја потребна информација за услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје да се обратат на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар или 02 3240 300, Дирекција.