Јавното Претпријатие Водовод и канализација- Скопје ја демантираа изјавата на директорот на Државен Студентски Дом Скопје, Атанас Бојчев и натписите во одредени медиуми околу долгот на ДСД Скопје за вода.
„Министерката Десковска и директорот на ДСД Скопје лажат, како и СДСМ. Министерката уште во јуни месец вети дека Владата ќе ги подмири сметките за вода но тоа до ден денес се нема случено. Владата на СДСМ и директорот на домот не само што немаат платено заостанати долгови од претходните години, туку немаат платено ни една сметка за вода откако седнаa на функцијата, од мај годинава, заклучно со септември и тоа ни една сметка за цели 5 месеци. Не знаеме каде одат парите кога не се плаќаат сметките за основните потреби“, се вели во демантот на Водовод и канализација-Скопје.