Од денеска па се до следните три до четири месециЈП „Водовод и Канализација“ започнува со нова акција за ажурирање на своите корисници.
Директорот на претпријатието, Бојан Василевски апелираше до скопјани да се приклучат кон акцијата со цел исправка на неточните информации со кои располага претпријатието.
– Инкасаторите имаат задача да ги посетат сите домаќинства во Скопје и да им понудат нови договори во кои ќе ги вметнат новите и точни податоци на корисниците. Оваа акција се прави со цел од ашиот регистар да се тргнат лицата кои се починати или кои повеќе не живеат на таа адреса, изјави Василевски.
Акцијата се очекува да трае три до четири месеци.