„Водовод“ воведува СМС сервисна услуга

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за воведе новитет во своето работење со имплементирање на СМС сервисната услуга.

Со овој новите корисниците на водоводната мрежа ќе добиваат известувања за услугите кои ги нуди претпријатието. На овој начин корисниците ќе бидат во директен контакт со вработените во претпријатието, со што на полесен и побрз начин ќе се решаваат проблемите кои ги имаат.

65163_10152734076773841_85094423759631063_n

Како да ја користите оваа нова услуга?

Од претпријатието велат дека најпрво е потребно корисниците да се регистрираат на вес страната www.vodovod-skopje.com.mk, каде при регистрацијата треба да го впишат својот мобилен телефонски број, без разлика дали е при пејд или пост пејд. Извршувањето на оваа постапка, вие сте регистрирани и можете да ја користите оваа нова услуга.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација-Скопје“ и во идниот период ќе продолжи со имплементирање на нови услуги за своите корисници.