Интегрален демант од ЈП Водовод и канализација Скопје, за текст објавен на Нетпрес, со наслов: „Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот“.
„Согласно законот за утврдување на граѓанска одговорност поради навреда и клевета, бараме овој демант во целост да го објавите а клеветничкиот текст со наслов “Новиот директор на Арсовска, бесправно и на сила, ги тера вработените во Водовод да прават анкети низ градот” и да го повлечете од Вашиот медиум.
Јавната администрација има обврска, согласно позитивните законски прописи да го испита мислењето на граѓаните и задоволството од нивната работа.
Согласно законот, вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје како и во претходните години вршат анкета во врска со квалитетот на услугите на јавното претпријатие, прибираат предлози за подобрување на работата на јавното претпријатие и ги констатираат евентуалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
Овој демант, бараме во целост да го објавите во законскиот рок од 48 часа и да се извините, а клеветничкиот текст да го отстраните, во спротивно ќе бидеме приморани вистината да ја докажуваме пред надлежниот суд“.