Победата на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во општините Кисела Вода, Кочани, Илинден и Гевгелија покажуваат резултатите од петтиот дел од анкетата на Институтот АКСИОС.
Шест проценти е разликата во довербата на граѓаните кај кандидатите за Општина Кисела Вода. Резултатите покажуваат победа на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ. За него се изјасниле 25,1 проценти од анкетираните, додека за кандидатот на СДСМ и актуелен градоначалник би гласале 19,1 процент.
Доверба кај граѓаните уживаат и Љупчо Папазов од Општина Кочани, Андон Сарамандов во Гевгелија и Александар Георгиевски во Општина Илинден.
Анкетата е спроведена во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.