
Русија го одбележува Денот на победата над фашизмот, денот кога Советскиот Сојуз ја победи Нацистичка Германија во втората Светска војна. Топа беше и денот кога беше означена капитулацијата на Германија на 9 мај во 1945 година.
Денеска Русија ја слави 72-годишнина од големата победа над фашизмот, со големи воени паради, концерти, огномети и други манифестации низ повеќе руски градови се одбележува Денот на победата.
Со голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва, Русија традиционално го одбележува Денот на победа над фашизмот годинава на парадата учествуваат 10.000 војници, 72 авиони и хеликоптери и над 114 парчиња воена техника.
За првпат, учествуваше и младинската војска, составена од 90.000 момчиња и девојки. Лекциите од минатото не повикуваат да бидеме внимателни, порача рускиот претседател, Владимир Путин, додавајќи дека руските вооружени сили можат да одбијат секаков напад и да реагираат на која било закана.
-Настаните од минатото ни наметнуваат голема одговорност пред идните поколенија, да им го пренесеме духот на големата победа и да обезбедиме мир и безбедност. Нема сила која ќе го пороби рускиот народ. Денес, животот на принудува да го зголемуваме нашиот одбранбен потенцијал.. Но, за ефикасна борба против тероризамот, екстремизмот, неонацизмот и другите закани, неопходна е консолидација на целата меѓународна заедница. Ние сме отворени за соработка, истакна во своето обраќање рускиот претседател Владимир Путин.
Покрај Путин, на парадата се присутни и премиерот Дмитриј Медведев, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу и други високи претставници.