![Глобе Албанија вежби](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Globe-Albani-a-vezhbi.jpeg?resize=696%2C391&ssl=1)
Околу 220 специјалци од Албанија и седум земји од регионот се собраа во селото Бизе во Тирана за да учествуваат во вежба на специјалните сили.
За време на вежбата „Strong Balkan-23“, која првпат се одржува во Албанија, се тестираат личните и групните вештини на вооружените сили и на земја и во воздух, јави албанската новинска агенција АТА.
Во рамките на вежбата имаше и падобрански скокови, меѓу кои имаше и припадници на албанските специјалци кои скокнаа од хеликоптер од височина од 1.524 метри.
Војниците биле обучивани и за ракување со експлозив и гаѓање со снајпер од далечина од 1.000 метри.
Вежбата „Strong Balkan-23″ првпат се одржува во Албанија. Во оваа вежба учествуваат специјалци од осум балкански земји.
Оваа обука има за цел да го зголеми нивото на подготвеност, како и да има корист од тактичката, оперативната и стратешката обука, со цел учесниците да се соочат со сложените предизвици што ги претставува денешната безбедносна средина.