Војници од ИСИС силуваат девојки за да ги исламизираат

На територија на ИСИС, овие жени може да бидат купени и продадени за пари, сменети со оружје, дури и подарени. Освен оваа размена, како дел од бруталната теологија е додадено и силувањето и поробувањето.

Војниците ни кажаа дека мора да го почитуваме правилото на Абу Бакр Ал Багдади. Секој што нема да премине во Исламот ќе биде убиен, бидејќи тоа го расипува квалитетот на војната – објаснува 22 годишната девојка.

ИСИС се убедени дека бруталноста кон Јазидите е на религиска база, велејќи дека со поробување на сите неверници (сите луѓе што не припаѓаат на Исламот) и земајќи им ги жените, го почитуваат Шариахот (Исламскиот закон); неговото негирање и потсмевање би било рамно на негирање и потсмевање на Куранот.

Како и да е, теологистите низ целиот свет тврдат дека нивните акции не се базираат на Исламската вероисповест.

Луѓето во ИСИС воопшто не го претставуваат Исламот. Всушност, тие се антиисламисти, го украдоа, ја нарушија Исламската репутација. Во Исламот поробувањето, мачењето, убивањето и силувањето се недозволиви.