Војници во униформи и грчки андарти на протестот против Македонија во Атина

Грци во униформи на андартите од 19 век, кои ги палеа македонските села во Егејска Македонија, повторно протестираа терминот Македонија да не се употребува во нашето име.

Покрај андартите имаме забележително присуство и на грчки воени лица во воени униформи. Андартите на македонците од Егејска Македонија им се добро познати, како парамилитанти кои ги колеа и протеруваа Македонците.

Грци во униформи на андарти пред две недели од центарот на Солун побараа бришење на Македонија, денес ја повторија пораката од Атина. Овие слики на кои се гледаат Грци облечени во андартски униформи, наоружени до заби беа дел оо протестот на кој според некој проценки има 300.000 луѓе, кои се против употребата на зборот Македонија во името на нашата држава.

Со очиглед на фактот дека грчки војници во воени униформи се дел од протестот може да заклучиме дека зад протестот и де факто стои грчката држава.

Кои се всушност андартите?

Андартите се паравоена структура формирана од страна на Германос Каравангелис со поддршка од грчката држава, кои имале за цел етничко чистење на Егејска Македонија и нејзино целосно еленизирање. Дејствувале во текот на 19 век и во сојузништво со турскиот аскер ги малтретирале македонските селани. Андартите извршиле големи злосторства врз Македонците.

Најпрочуените злосторства се масакарот во село Загоричани и ја организирал крвавата свадба во Зелениче. Додека по Илинденското востание самиот Каравангелис ги координирал палењата на селата Черешница и Вишени, при што иннсистирал да се убијат видните дејци на ВМРО. Во масакарот во Загоричани биле убиени 79 селани, а целото село било запалено.

Овој масакар е опеан и во песната „Народе македонски“ во која се спомнува Каравангелис и андартскиот напад врз Загоричани.Најмалата жртва на Каравангелис било дете на возраст од 4 година, а најстариот дедо на 100 години.

Крвавата свадба во Зелениче завршила со убиени 11 и ранети биле 4 луѓе. Во 1903 година Каравангелис му платил 50 лири на Коте Христов за да го убие војводата Лазар Поп-Трајков, а фотографијата со главата на војводата ја закачил во својот кабинет.

Под притисок на андартите и Каравангелис 140 македонски села биле принудени да го признаат своето елинско потекло. Меѓутоа истите тие села откако добиле султанова амнестија повторно се откажале од Патријаршијата.

Истите тие андарти присилно иселија илјадници Македонци од Егејска Македонија до Балканските војни, но и после се до протерувањето на Македонците од Егејска Македонија. На протестите се забележаа и Грци во војнички униформи, со што се доаѓа до заклучокот дека протестот е одоброволен од официјалните грчки власти.