Богатиот сопственик на францускиот прволигаш Монако, Димитри Риболовјев ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на репрезентативецот на Англија и стандарден првотимец во дресот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Каил Вокер.
Офанзивниот десен бек е проценет на 40 мил. евра, но првиот човек на францускиот прволигаш е подготвен веднаш на стартот од зимскиот преоден рок да испрати официјална понуда не поголема од 30 мил. евра.