Напаѓачот Кевин Воланд го напушти германскиот Баер Леверкузен за да се приклучи на францсикиот прволигаш Монако со кој потпиша четиригодишен договор, објави во средата бундеслигашот.
Дваесет и осумгодишниот Воланд, кој одигра десет натпревари за германската фудбалска селекцја во периодот од 2014 до 2016 година, во Леверкузен пристигна пред четири години откако во Хофенхајм мина исто така четири години. Договорот со Монако е проценет на околу 11 милиони евра, според француските медиуми.
„Имајќи предвид дека Кевин сега доби можност да замине во атрактивен странски клуб, Леверкузен реши да му ја исполни желбата по постигнувањето на задоволителен договор за двете страни“, изјави директорот на Баер, Симон Ролфс.
Во четирите години минати во редовите на „Аптекарите“, Воланд постигна 50 годлови, асистирал при 32 погодоци во повеќе до 148 натпревари. Само минатата година беше десет пати беше стрелец на мечевите во Бундеслигата.