Волфсбург е вториот финалист во Купот на Германија

Волфсбург e вториот финалист во германскиот фудбалски куп, откако синоќа со убедливи 4:0 славеше во полуфиналната пресметка со Арминија во Билефелд.

По два гола гостите постигнаа во првото и во второто полувреме. Серијата ја отвори и ја затвори Максимилијан Арнолд со головите во 8-та и 55-та минута, додека Луис Густаво погоди во 31-ва, а Иван Перишиќ во 51-та минута.

Противник на Волфсбург во завршниот меч ќе му биде Борусија Дортмунд.

Борбата за трофејот во Купот е закажана за 30 мај на “Олимпискиот стадион” во Берлин.

Борусија во својата историја има три трофеи од ова натпреварување, Волфсбург се уште нема куп-пехар.