Теодор Волканоски во машка и Бојана Михајловска во женска конкуренција се победници на Телеком мастерс турнирот за пингпонгари до 18 години одржан денеска во Крива Паланка.
Главните фаворити кои беа прворангирани во оваа категорија, Леонид Гошев кај јуниорите и Ана Стојановска кај јуниорките на крајот мораа да бидат задоволни со освоените бронзени медали.
Гошев во полуфиналето немаше решение за кинеската магија на Даниел Зхоу Главевски актуелниот пионерски првак, на кој оваа сезона му е прва како јуниор. Сара С.Стојановска беше поуспешна од Ана Стојановска со 3:2 во крајно неизвесен и изедначен натпревар.
Во финалето кај јуниорите Волканоски беше поуспешен од Главевски со 3:2. Во петтиот сет кој заврши со 15:13 за Волканоски, Главевски Зхоу спаси дури пет меч топки при резултат 10:5 за противникот.
Кај јуниорките Бојана Михајловска два пати на овој турнир ја совлада Сара С.Стојановска 3:0 во групата, и 3:2 во финалето.
Пласман Јуниори:
- Теодор Волканоски ППК Крушево
- Даниел Главевски Зхоу ППК Мултитекс
- Леонид Гошев ППК Винспин, Борис Секулов ППК Астраион
Пласман Јуниорки:
- Бојана Михајловска ППК Рисови
- Сара С.Стојановска ППК Крива Паланка
- Ана Стојановска ППК Крива Паланка, Мила Штркова ППК Шампион ФА. зс/