Германскиот произведувач на автомобили „Volkswagen“ го надмина американскиот ривал „Teslа“ и повторно го запоседна првото место според продажбата на електрични автомобили во Германија.
Во првите седум месеци од годинава во Германија се регистрирани 41.475 нови автомобили на „VW“, za 1.186 отколку на американскиот кокнурент, според податоците на германското Сојузно биро за моторен сообраќај.
На полугодието „Tesla“ сѐ уште беше во предност, како и во текот на целата мината 2022 година.
На третото место според продажбата на електрични автомобили во Германија се најде уште еден домашен производител „Mercedes“, сопродадени 20.613 возила. Потоа следи, исто така, германските „Audi“ со 16.786 и BMW со 15.987, па корејски „Hyundai“ со 15.411 продадени возила.
Бирото за моторен сообраќај во привте годинешни седум месеци забележал вклупно 268.926 новорегистрирани аввтомобили кои во потпполност се електрични. Сепак, тоа ниту одблизу не е до продажбата на моделите со мотори со внатрешно согорување од коишто во истиот период се продадени 1,64 милиони примероци.