
Деветнаесетгодишна волонтерка од Црвениот крст во Чачак, Сузана Вукиќ вратила 2.500 евра кои ги напла при прием на хуманитарна помош за помош на загрозените во поплавите, пишува српска „Блиц“.
Заедно со останатите волонтери, Сузана работела на примен на хуманитарна помош за загрозеното население.
„Јас и уште дваесетина волонтери ја распоредувавме во магацинот во гардеробата која пристигнуваше на детска, машка и женска. Во една детска облека во која се наоѓаше кеса со женски работи видов кеса и мислев дека се влажни марамици. Меѓутоа,, кога ја отворив видов штедна книшка со банкноти. Се работеше за огромно снопче пари. Не се обидов да ги бројам бидејќи ме фати паника. Едноставно се блокирав и само сакав што поскоро да се ослободам од парите. Веднаш ја повикав координаторката“, раскажува младата Сузана.
Кога ги пребројале парите се утврдило дека се работи за 2.550 евра. Книшката се водела на име на една жена од Чачка. Повикана е полицијата, на која и’ се предадени парите, врз основа на податоците од книшката полицијата ги пронашла наследниците на жената сопственик, која била почината.