Волстрит ги достигна највисоките нивоа во последниот месец

На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси ги достигнаа највисоките новоа во последните месец дена, благодарејќи на силниот скок на цените на акциите на банките, откако „Goldman Sachs“ и „Bank of America“ објавија подобри деловни резултати отколку што се очекуваше.

На европските берзи, пак, вчера се тргуваше претпазливо поради неизвесноста во врска со брегзитот, откако британските пратеници во вторникот вечерта го отфрлија планот на премиерката Тереза Меј за излегувањето од Европската унија.

Така, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,47 отсто, на 6.862 поени, додека франкфуртскиот DAX индекс порасна за 0,36 проценти, на 10.931 поен, а парискиот индекс CAC скокна за 0,51 отсто, на 4.810 иднексни поени.

Подоцна во средата на најголемата светска берза индексот Dow Jones зајакна за 0,59 posto, на 24.207 поени, индексот S&P 500 порасна за 0,22 отсто, на 2.616 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,15 отсто, на 7.034 индексни поени.

Растот на овие индекси на најголемите нивоа во последниите триесетина дена дојде благодарејќи на растот на цените на акциите во финансискиот сектор, и тоа за повеќе од 2 отсто.

Притоа, најмногу за 9,5 отсто скокна цената на акцијата на „Goldman Sachs“ откако оваа инвестициска банка извести за поголема заработка во последното ланско тримесечје отколку што предвидуваа аналитичарите во анкетата на Reuters. Од истата причина цената на акцијата на „Bank of America“ скокна за 7,2 отсто.

„На банките им е потребна добра економска атмосфера и пристојно движење на приносите, а судејќи според нивните деловни резултати, тоа можеби и го имаат“, вели Кевин Карон, портфел менаџер во компанијата „Washington Crossing Advisors“.

Благодарејќи на подобрите квартални резултати отколку што се очекуваше, силно за повеќе од 6 отсто, скокна и цената на акцијата на воздухопловниот превозник „United Continental“. Но од друга страна, пак, цената на автомобилскиот гигант „Ford“ поевтини за повеќе до 6 отсто, откако вториот по големина американски произведувач на возила предупреди дека добивката во последниот лански квартал ќе биде помала од проценетото и оти трошоците за царините би можеле да ја намалат заработката во 2019 година.

Сепак, од почетокот на сезоната на објавувањето на кварталните деловни резултати на американските компании и банки, повеќето од нив објавија подобри резултати отколку што очекуваа аналитичарите. Благодарејќи на тоа, како и на надежите на инвеститорите во позитивниот исход од преговорите меѓу САД и Кина, како и назнаките на американската централна банка Federal Reserve (Fed) дека ќе се воздржи од зголемување на каматите, индексот S&P 500 сега е оддалечен од своето рекордно ниво, достигнато на 20-ти септември минатата година. Кон крајот на минатата година овој индекс беше во минус од 19,8 отсто во однос на рекордното ниво, па му се закани пад во областа на „мечката“.