Волстрит ги надополни загубите од претходниот ден

На Волстрит во четвртокот, индексот S&P 500 ги врати загубите од претходниот тргвоски ден, како и индексот Nasdaq, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците за помал од очекуваниот пораст на цените на производителите во САД.

Индексот Dow Jones загуби 0,01 отсто, на 38.459 поени, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 5.199 поени, а индексот Nasdaq 1,68 отсто, на 16.442 индекснипоени.

Така, S&P 500 и Nasdaq индексите ги надоместија загубите од претходниот трговскиден, кога остро паднаа по објавувањето на податоците за повисоката инфлација во САД од очекуваната.

Вчера, пак, инвеститорите беа охрабрени од податоците за помало од очекуваното зголемување на цените на производителите во март, па инвеститорите се надеваат дека инфлацијата наскоро би можела да се намали, што би ѝ создало простор на американската централна банка (Federal Reserve – Fed) за намалување на каматните стапки.

И вчера, неколку функционери на Fed изјавија дека централната банка нема причина да брза со намалување на каматните стапки и дека треба да биде трпелива додека инфлацијата не биде на надолна траекторија кон целното ниво на Fed од 2 отсто.

Растот на S&P 500 и Nasdaq индексот главно се должи на скокот на цените на акциите на технолошките гиганти „Apple“ и „Nvidia“ за повеќе од 4 отсто.

Во фокусот на инвеститорите во петок, како и во следните седмици, ќе бидат кварталните деловни резултати на американските компании. Аналитичарите анкетирани од Reuters проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во првиот квартал се зголемила за околу 5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,47 отсто, на 7.923 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,79 отсто, на 17.954 поени, а париски CAC 0,27 отсто, на 8.023 поени.