Волстрит: Нов рекорд на Dow Jones, остар пад на S&P индексот

На Волстрит, индексот Dow Jones достигна ново рекордно ниво во средата, додека S&P 500 и Nasdaq индкесите остро паднаа бидејќи акциите на производителите на чипови беа под притисок по веста дека властите планираат да воведат нови ограничувања во трговијата со Кина.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,59 отсто, на 41.198 поени, додека S&P 500 потона за 1,39 отсто, на 5.588 поени, а Nasdaq 2,77 отсто, на 17.996 поени.

Медиумите објавија дека администрацијата на америкнскиот претседател Џо Бајден има намера да воведе строги нови трговски ограничувања против Кина предизвикаа остар пад на цената на акциите на производителот на чипови. Индексот на овој сектор потона за речиси 7 отсто, што е негов најголем дневен пад од почетокот на 2020 година.

Дополнително, продолжи ротацијата на капиталот од технолошкиот сектор, кој доведе до раст во последниве години, во сектори кои би можеле да имаат поголема полза од намалувањето на каматните стапки. Имено, на пазарот зајакна мислењето дека американската централна банка во септември ќе ги намали каматните стапки, бидејќи инфлаторните притисоци се намалуваат, додека економскиот раст забавува. А тоа го поддржува растот на цените на акциите во секторите кои досега заостанаа.

Инвеститорите се фокусирани и на деловните резултати на компаниите и банките во вториот квартал. Вообичаено, повеќето од нив пријавуваат поголема заработка од очекуваната. Вчера „Johnson&Johnson“ извести за подобри резултати од очекуваните, па цената на акцијата на фармацевтската компанија значително порасна. Со зголемувањето на цените на акциите на неколку други компании од составот на Dow Jones, овој индекс вчера трет ден по ред достигна рекордно ниво.

Ана повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,28 отсто, на 8.187 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,44 отсто, на 18.437 поени, а париски CAC 0,12 отсто, на 7.570 поени.