Волстрит порасна четврти ден со ред

На њујоршки Волстрит во понеделникот цените на акциите пораснаа четврти трговски ден со ред, бидејќи вложувачите се надеваат дека претстојните извештаи ќе покажат дека инфалторните притисоци во САД попуштаат.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,66 отсто на 743 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 2,40 отсто на 13.402 поени, а парискиот CAC скокна за 1,95 отсто на 6.333 индексни поени.

Во Њујорк, пак, индексот Dow Jones зајакна за 0,71 отсто на 32.381 поени, индексот S&P 500 порасна за 1,06 проценти на 4.110 поени, а Nasdaq индексот се зголеми за 1,27 отсто на 12.266 индексни поени.

Притоа во сите 11 најважни сектори на S&P 500 индексот цените на акциите пораснаа, а најмногу во енергетските и технолошкиот сектор. А по четирите денови раст, индексите достигнаа највисоки нивоа во последните две седмици.

Таквите движења се благодарејќи на надежите на инфалциските притисоци во САД попуштаат, што би можело да ја наведе американската централна банка Federal Reserve (Fed) на забавување на темпото на зголемувањето на каматните стапки.

Поради тоа во вторник во фокусот на вложувачите ќе биде извештајот за потрошувачките цени во САД, кои ќе покажат колку во август попуштиле инфлаторните притисоци, имајќи предвид дека во тој месец паднаа цените на горивата. Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека инфлацијата се лизнала на 8,1 отсто на годишно ниво, од 8,5 отсто еден месец претходно.

„Се очекува забавување на растот на потрошувачките цени, а вложувачите се надеваат дека тоа доведе до забавувањето на темпото на зголемување на каматите на Fed по септември. Поради тоа вложувачите овие денови се понаклонети на поризични инвестиции“, појаснува Роберт Павлик, портфељ менаџер во компанијата „Dakota Wealth“.

Челниците на Fed засега воопшто не попуштаат во острата реторика за сузбивањето на инфлацијата. Претседателот на централната банка Џером Пауел порача минатата седница дека банката е „силно доследна“ во тоа да ја сузбие инфлацијата и дека ќе продолжи да ја заострува монетарната политика додека таа цел не биде постигната.

Fed ги подигнува каматните стапки од март, а дополнително ќе ги крене и на дводневната седница на 20-ти и 21-ви септември. Се очекува ново, третото во низа, зголемување за 0,75 процентни поени, но вложувачите се надеваат дека по тоа централната банка ќе го забави темпото на заострување на монетарната политика.