Волстрит порасна по шест дена пад

 

На Волстрит во четвртокот берзанските индекси скокнаа за повеќе од 2 отсто, во прв ред благодарејќи на корекцијата на цените на акциите по шесте дена пад, бидејќи извештајот за инфлацијата не беше поттикнувачки како што се очекуваше

И на европските берзи во четвртокот цените на акциите пораснаа. Лондонскиот FTSE индексот зајакна за 0,35 отсто на 6.850 поени, франкфуртскиот DAX скокна за 1,51 проценти на 12.355 поени, а парискиот индекс CAC порасна за 1,04 отсто на 5.879 индексни поени.

Во Њујорк, пак, вчера индексот Dow Jones зајакна за 2,83 отсто на 30.038 поени, индексот S&P 500 скокна за 2,60 проценти на 3.669 поени, а Nasdaq индексот скокна за 2,23 отсто на 10.649 индексни поени.

Овие индекси на почетокот од тргувањето беа во негативната област, откако беше објавено дека потрошувачките цени во САД во септември пораснаа за 0,4 отсто на месечно ниво, а 8,2 отсто на годишно ниво, што е малку поголем раст во однос на очекувањата на аналитичарите.

Бидејќи инфлацијата во САД и натаму се движи околу најголемите нивоа во 40 години, очекување на пазарот не се промениле. Така, и натаму се проценува дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) на дводневната седница на 1-ви и 2-ри ноември, повторно, и тоа четврта седница по ред, ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивните 0,75 процентни поени.

И покрај тоа, вчера пазарот нагло закрепна, па индексите завршија со добивка поголема од 2 отсто. Притоа финансиски и енергетскиот сектор предничеа во добивките. Имајќи предвид дека ништо значително не се променило во очекувањата во врска со инфлацијата, каматите и економијата, повеќето аналитичарите овој пресврт го објаснуваат со техничка корекција.

„Зад овој раст стојат техничките фактори, а можно е и дека по повеќедневниот пад на цените на акциите во пазарот се вградени и сѐ полошите вести“, вели за Reuters Кинг Лип, стратег во компанијата „Baker Avenue Asset Management“.

Следните седмици во фокусот на вложувачите ќе бидат деловните резултати на компаниите и банките. Со извештаите на неколку големи банки во петокот започнува сезоната на објава на кварталните резултати.

Поради високата инфлација, зголемувањето на каматите и забавувањето на економскиот раст, очекувањата се значително намалени последните месеци. Така аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека заработките на компаниите од системот на S&P 500 индексот во третото тримесечје пораснале за 4,1 отсто во однос на истиот лански период. На почетокот од јули, пак, растот на заработките за повеќе од 11 отсто.