На њујоршки Волстрит во понеделникот, индексите Dow Jones и S&P 500 се лизнаа од рекордните нивоа постигнати во петокот по шесте последователни седмици добивки, бидејќи инвеститорите се загрижени за високите вреднувања на акциите додека го чекаат објавувањето на финансиските извештаи од клучните компании.
Индексот Dow Jones падна во понеделникот за 344,31 поени или 0,8 отсто, на 42.931 поен, а S&P 500 за 0,18 отсто, на 5.853 поени. Технолошкиот Nasdaq, пак, благо зајакна за 0,27 отсто, на 18.540 поени. Сите три индекса достигнаа ново рекордно ниво во петокот по шестседмичниот раст, што е најдолгиот период на нивниот раст оваа година.
„Не е невообичаено пазарот да направи мала пауза по шесте семици континуирано соборување рекорди“, истакнува Керол Шлајф, шеф на инвестиции во компанијата „BMO Family Office“..
Од друга страна, приносите на 10-годишните американски трезорски записи се зголемија на 4,17 отсто, што е највисоко ниво во последните 12 седмици.
„Порастот на приносите на 10-годишните трезорски записи создава конфузија дека економијата можеби расте пребрзо, а вработувањето е силно, поради што (централната банка) Fed може да го забави намалувањето на каматните стапки“, смета Сем Стовал, инвестициски стратег во „CFRA Research“.
Вчера цените на бројните технолошки компании, како „Tesla“, кои се чувствителни на промените на каматните стапки, беа прилагодени надолу. По прилично добриот тек на сезоната на финансиско известување на американските компании досега, фокусот е ставен на уште 114 вклучени во индексот S&P 500, кои треба да ги објават извештаите оваа недела, меѓу кои и „Tesla„, „Coca-Cola“ и „Texas Instruments“. Од компаниите кои досега објавиле резултати, 83,1 отсто од нив со заработката ги надминале проценките на аналитичарите, кои сепак беа ставени пониско/
Инвеститорите ја следат и претседателската кампања во САД, а изборните анкети покажуваат подобрување на шансите на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите за две седмици.
„Како што се приближуваат изборите, дури и малите промени во тесните анкети може да предизвикаат значителни промени во расположението на пазарот“, велат аналитичарите на „Danske Bank“..
И на европските берзи најмногу индекси се корегирани во понеделникот. Лондонски Ftse индекс падна во понеделникот за 0,48 отсто, на 8.318 поени, франкфуртски DAX за еден отсто, на 19.461 поен, а париски CAC за 1,01 отсто, на 7.536 поени.