Вонреден состанок на Арапската лига поради плановите на Израел да анектира делови од Западниот Брег

Арапската лига закажа вонредна виртуелна средба в четврток на која ќе се разговара за спротивставувањето на плановите на Израел за анексија на делови од окупираниот Западен Брег.

Невообичаената средба, закажана на барање на палестинското раководство, ќе ги собере арапските министри за надворешни работи преку видео конференција поради пандемијата на новиот коронавирус.

Заменик генералниот секретар на Арапската лига, Хосам Заки, најави дека министрите „ќе разговараат за обезбедување политичка, правна и финансиска помош на палестинското раководство за да се спротивстават на плановите на Израел“.

Средбата е закажана откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот политички ривал, Бени Ганц, потпишаа договор за вонредна влада на единство, што може да ги забрза плановите на Нетанјаху да почне со анексија на делови од Западниот брег уште на 1 јули