
Метеоролозите за денеска најавуваат нагла промена на времето, проследена со силен ветер, краткотраен, но пороен дожд, и пониски температури
Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. На места врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови од земјава.
Локално ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи, а не е исклучена ниту изолирана појава на град. Поради заладувањето во вечерните и ноќните часови во западните делови врнежите ќе поминуваат во снег и на некои повисоки места.
Ќе дува умерен а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.