
Вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави на денешната прес конференција претседателот на државава, Стево Пендаровски, одржана по завршување на состанокот на Советот за безбедност.
„Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата“, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите.
Претходно владата донесе одлука да поднесе барање на состанокот за продолжување на вонредната состојба во траење од 30 дена.