Во канадската покраина Британска Колумбија прогласена е вонредна состојба, додека разорните шумски пожари и на почетокот од викендот проролжуваат да го пустошат регионот.
Премиерот на покраината Дејвид Иби на Х објави тревога за целата покраина на пацифичкиот брег.
Претходно беше објавено дека пожарот зафатил неколку куќи и станови во популарниот туристички град Вест Келоун на езерото Оканаган. Во градот во кој живеат 36.000 луѓе веќе е прогласена вонредна состојба.
Градот Келоун, кој има речиси 150.000 жители и е на спротивната страна на езерото, исто така, е погоден од пожарите. Според тамошните власти, се очекува дека пожарите уште повеќе ќе се проширан.
Ширум покраината Британска Колумбија околу 15.000 луѓе се повикани да ги напуштат своите домови. За повеќе од 20.000 лица на сила е предупредувањето за евакуција.
Големите шумски пожари беснеат и во соседните северозападни територии на Канада. Земјата со месеци веќе се справува со пожарите во неколку делови..
Шумските пожари се редовна годишна појава во бројни делови на Канада и повремено го принудава населението на евакуација, Последните години, а особено оваа, се чини земјата е погодена, се чини, од најлошата сезона на шумски пожари во историјата.
Поради влошување на климатските промени, експертите предупредуваат дека пожарите ќе станат почести и подеструктивни. Во прериските провинции во западна Канада, просечната температура се зголемила за 1,9 степени Целзиусови од средината на ХХ век, објави Министерството за животна средина и климатски промени.