Вонредна состојба во канадски Халифакс поради голем шумски пожар

Властите на источниот канадски град Халифакс прогласија вонредна состојба откако поради шумски пожар дојде до прекин на електричната енергија, населението е евакуирано а затворени се неколку училишта во најзагрозеното подрачје.

Регионалните власти обезбедиле сместување за жителите кои побегнале пред пожарот и потсетија дека наредбите за евакуација се задолжителни.

Шумскиот пожар е помогнат од силниот ветар и сувите дрвја, па брзо се проширил и оштетил повеќе десетина куќи и го попречил работењето на спасувачките служби.

Западната канадска покраина Алберта и Британска Колумбија годинава со соочуваат со невообичаено топла пролет. Во двете покраини досега избувнаа повеќе шумски пожари, поради што е прекинато производството на нафта и гас, но повеќето во меѓувреме беа ставени под контрола. Во моментов повторно е воспоставено производството на двата енергенти.

Во нај властите на Алберта прогласија вонредна состојба на територијата на целата покраина. Поради незапаметената огнена стихија десетици илјади луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.