Гувернерите на Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба и ги замолија жителите да останат во домовите бидејќи североисточниот дел на САД го зафати големата снежна бура, по што се одложени или откажани илјадници летови.
Првата голема зимска бура оваа година донесе ниски температури и силни ветришта. Бурата зафатила делови од Нова Англија, вкучувајќи го и Бостон, кој се подготвува за снег кој што би требало да достигне и 30-тина сантиметри.
„Како што се развива зимската бура, ќе донесе многу снег и многу силни ветришта во многу делови од државата, ги повикувам сите граѓаните на Њујорк да бидат внимателни, да не патуваат и да престојуваат во затворен простор“, рекол гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.
Поради снежната бура досега во САД се откажани околу 2.500 летови, а 7.000 се одложени. Најмногу се погодени аеродромите во Чикаго. Во Њујорк трите најголеми аеродроми се подготвуваат за згрижување на патници чии летови се откажани.