Вонредна вест на АМСМ за возачите – промена на режимот на сообраќајот на овој патен правец

АМСМ утринава преку вонредно соопштение ги информираше возачите, на кои патишта ќе има промена на режимот на сообраќајот.

Виадукт трејд известува дека на ден 15.05.2019 – дeнес ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Регионален Пат Р1402, делница Ново Село – граница Бугарија за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај – стои во соопштението на АМСМ.